ЗИМСКИ ЧАЈ

20x1,5g

За периодот на настинки и грип, ви го препорачуваме Зимскиот чај кој во својот состав содржи цветови од бозел и липа, тимјан, сладок корен и плод од сладок анасон. Уникатна комбинација од билки, со пријатен мирис и хармоничен вкус што смирува и релаксира. Оваа мешавина ќе ве исполни со топлина и ќе ви овозможи комплетно уживање во ладните зимски денови.