Ѓумбир

15g/35g/50g

Претставува корен од растението Zingiber officinale и има широк спектар на дејствo заради што и често се користи, не само како зачинска билка, туку и за подготовка на чај. Во домаќинството се користи како додаток на многу јадења со и без месо како и за супи, чорби. Им дава на јадења лутеникав вкус и карактеристична силна арома, заради изобилството на етерски масла во него. Освен како како додаток кој го збогатува вкусот, тој помага и за подобрување на системската циркулација, а особено на екстремитетите, го подобрува варењето на храната и ги смирува симптомите како што се гадење и повраќање при патување.