Becutan влажни марамчиња за чувствителна кожа

45/1

Влажните марамчиња Becutan Sensitive содржат благ непарфимиран лосион збогатен со екстракт од алое вера. Лосионот претставува блага хидратантна емулзија којашто лесно се апсорбира во кожата, ја негува и ја заштитува од сушење, притоа одржувајќи ја нејзината природна pH-вредност.

Екстрактот од алое вера со своето хидратантно и смирувачко дејство ја заштитува кожата од појава на црвенило и на иритации, а извонредно меката структура на самото марамче дополнително го подобрува ефектот, при што допирот со чувствителната бебешка кожа е исклучително нежен.

  • Не содржат парабени.
  • Не содржат алкохол.
  • Не содржат парфем.

Благодарение на новата структура влажните марамчиња Becutan Sensitive имаат двојно поголема површина во споредба со стандардните, што овозможува уште полесно и поефикасно искористување на марамчето за одржување хигиена и нега на сите делови од детската кожа.