Хелабсин микс

чајна мешавина за подобрување на функцијата на црниот дроб

Претставува мешавина од повеќе компоненти како цвет од камилица, лист од нане, ајдучка трева, цвет од смил, кора од крковина и пелин. Сите билки присутни во мешавината дејствуваат поволно на работата на црниот дроб, стимулирајќи ја неговата активност, дејствувајќи противвоспалително, антиоксидативно, хепатопротективно, како и поволно при варењето на храната. Особено се препорачува негова употреба по состојби на воспаленија на црниот дроб.

Чајот се препорачува да се пие секогаш свежо приготвен, пред јадење, 2 до 3 пати во тек на денот.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 100 g.