АЛКАЛОИД ПРОПОЛИС КАПКИ ЗА ДЕЦА 30

Додаток во исхраната

30 ml

ДОДАТОК НА ИСХРАНАТА

Прополисот е смолеста материја што ја произведуваат медоносните пчели, со комбинирање на ензимите од сопствената плунка и пчелиниот восок, со супстанции што ги собираат од цветните пупки, од нектарите од кората на дрвјата и од другите природни растителни извори. Прополисот се нарекува и пчелин лепак, кој служи како штит за одржување на здравата пчелина кошница. Исто така, за нив прополисот претставува „хемиско оружје“ против надворешните патогени микроорганизми, но и превенција од ширење инфекции во пчелината кошница, правејќи ја една од најстерилните средини познати за природата.


 

Состав

Производот содржи високопрочистен, густ екстракт од прополис во пропилен гликол.

Производот не содржи алкохол.

Препорачана дневна доза

Деца постари од 3 години: двапати на ден по 5 капки, разредени во мала количина течност или додадени на лажица со шеќер или со мед.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Мерки на претпазливост и предупредување

Не се препорачува за лица алергични на производи од пчела и за лица пречувствителни на некоја од состојките.

Производот не треба да се користи како замена за разновидната исхрана.