Becutan заштитен детски крем со цинк оксид

50ml и 75ml

Го помага заздравувањето на оштетените делови од бебешката кожа, пред сé, на деловите каде што може да се јави пеленски дерматитис, како последица на допирот на нежната кожа со влагата и со нечистотиите од пелената. Клинички е докажано дека овој препарат ја смирува иритираната и воспалена бебешка кожа и дека може да се применува уште од првиот ден по раѓањето.

Кремот во својот состав содржи:

  • екстракт од алое вера- ја одржува нормалната влажност и ја смирува кожата;
  • Д - пантенол - ја регулира влажноста и ја штити кожата од негативните влијанија на околината, како што се влагата и нечистотиите од пелената;
  • цинк оксид - создава тенок заштитен слој кој површината на кожата ја одржува сува, а истовремено го спречува и го смирува црвенилото, исипот и иритацијата кај надразнетата кожа. Дејствува и како антиоксиданс.