Влажните марамчиња Becutan Sensitive содржат благ непарфимиран лосион збогатен со екстракт од алое вера. Лосионот претставува блага хидратантна емулзија којашто лесно се апсорбира во кожата, ја негува и ја заштитува од сушење, притоа одржувајќи ја нејзината природна pH-вредност.
Екстрактот од алое вера со своето хидратантно и смирувачко дејство ја заштитува кожата од појава на црвенило и на иритации, а извонредно меката структура на самото марамче дополнително го подобрува ефектот, при што допирот со чувствителната бебешка кожа е исклучително нежен.
- Не содржат парабени.
- Не содржат алкохол.
- Не содржат парфем.
Благодарение на новата структура влажните марамчиња Becutan Sensitive имаат двојно поголема површина во споредба со стандардните, што овозможува уште полесно и поефикасно искористување на марамчето за одржување хигиена и нега на сите делови од детската кожа.