BECUTAN СПРЕЈ ПРОТИВ УБОДИ ОД ИНСЕКТИ

100ML

Becutan спрејот против убоди од инсекти, во својот состав содржи активна компонента која ги одбива инсектите, односно ги спречува да се приближат до кожата на човекот, а со тоа го спречува каснувањето.

Заштитата од убодите од инсекти трае подолго време, од 4 – 6 часа. Производот во својот состав содржи и екстракт од алое вера, сертифициран со ECOCERT-стандард за природна и за органска козметика, што подразбира дека растението е одгледувано во контролирани услови и гарантира сигурност за крајното дејство на оваа состојка. Екстрактот од алое вера и дава влажност и мекост на кожата, па по употребата таа останува нежна и мека.

Becutan спрејот против убоди од инсекти се употребува на тој начин што рамномерно се распрскува на изложените делови на кожата, избегнувајќи ги местата околу очите и устата. Постапката се повторува по потреба, приближно по 4 – 6 часа. По нанесувањето спрејот не остава масни дамки на облеката.