Детски чај

Децата имаат потреба од посебно внимание и грижа. Токму затоа создадовме детски чај Good Nature од специјално одбрани билки, во количини соодветни за вашето дете. Мешавината на камилица, липа, капина, на анасон, шипка, коприва и на хибискус е доволна за љубов на прва голтка чај. Единствениот вкус и мирис помагаат во создавањето здрава навика кај децата уште од најрани години. Здравата напивка нека биде прв избор за вашето дете!

Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 1,5 g чајна мешавина.