КАПКИ ВАЛЕРИАЛ

Додаток во исхраната

Капките Валериал содржат водно-етанолен екстракт од корен од валеријана. Коренот од валеријана има смирувачко и релаксирачко дејство. Помага за поттикнување на сонот, за смирување и за опуштање на мазните мускули. Капките Валериал се препорачуваат за подобар сон, за подобрување на состојби на вознемиреност, за подобрување на состојби на менопауза, за подобрување на менталната способност и за релаксација на телото.

Препорачана дневна доза и начин на употреба

Возрасни и деца постари од 12 години: 3 пати на ден по 30 капки, во чаша со вода или на коцка шеќер. При несоница се земаат 30 минути пред спиење.