Енерго Ц - Чајна мешавина со додаден витамин Ц

ДОДАДЕТЕ ДОЗА ЕНЕРГИЈА ВО СВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Подгответе се за новата билна мешавина од Good Nature – чајот Енерго Ц.

Грижливо одбрани билки збогатени со витамин Ц, антиоксиданс неопходен за активно секојдневие. Оваа билна мешавина содржи цвет од хибискус, плод од шипка, кора од портокал, корен од ѓумбир (10 %) и природна арома која содржи витамин Ц. Коренот од ѓумбир има стимулирачки својства кои помагаат во одржувањето на нивото на енергија и кои го намалуваат заморот. Витаминот Ц е една од суштинските состојки за секој организам, придонесува за намалување на заморот, намалување на исцрпеноста и за нормален енергетски метаболизам.

Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување на витамин Ц.

Кога се чувствувате исцрпено и без енергија, дозволете си шолја чај Енерго Ц и уживајте во богатата мешавина од вкусови и од мириси, која ќе ги разбуди сите ваши сетила!

Овој чај може да го консумирате како топол напиток или со додавање коцки мраз да го приготвите како ваше дневно ладно освежување. Начинот на приготвување може да го најдете на самото пакување.

• Не содржи кофеин!

Со шолја чај Good Nature бидете енергични во текот на целиот ден!