Каранфилче

Каранфилчето (Eugenia caryophylatta Thunb.) претставува исушена цветна пупка од тропско дрво и има пријатен мирис. Иако кај нас е најпознат како зачин, сепак, листата на неговите лековити својства е долга. Покрај силното антимикробно дејство, поради присуството на компонентата еугенол во својот состав, каранфилчето поседува и антисептично дејство, со што помага при забоболка и при воспаление на непцето. Се користи и за подобрување на работата на желудникот и за олеснување на стомачните проблеми, како гасови, мачнина, повраќање и дијареја.