YOUNG DERM ПЕНА ЗА МИЕЊЕ ЛИЦЕ ЗА МРСНА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

150 ml

Пената за миење лице Young Derm е наменета за секојдневна хигиена на мрсна и на проблематична кожа на лицето и вратот. Комбинацијата од состојки како цинк PCA, д-пантенол и млечна киселина, придонесуваат за намалување на прекумерното излачување на мрснотија од кожата, истовремено ги отстрануваат нечистотиите и ја одржуваат нејзината природна влажност. Производот е дерматолошки тестиран.

Цинк PCA е сол на цинкот и пиролидон карбоксилната киселина (PCA). Пиролидон карбоксилната киселина се појавува во кожата на човекот како дел од природниот навлажнувачки фактор, кој помага во одржувањето на здрав изглед на кожата. Цинк PCA има астрингентнo својство, ги стеснува порите, и заедно со д-пантенолот го помагаат заздравувањето на раничките на кожата.

Начин на употреба: Пената нанесете ја на влажно лице, наутро и навечер. Нежно втријте ја во кожата со кружни движења со помош на врвовите од прстите. Измијте го лицето со млака вода. По чистење на кожата, тонизирајте го лицето со безалкохолниот тоник за нормална и проблематична кожа Young Derm.

За кого се препорачува: за лица со мрсна и проблематична кожа на лицето и вратот