Релакс Б3/Б6 - Чајна мешавина со додадени витамини Б3 и Б6

ЗА ОПУШТЕН, БАЛАНСИРАН И ХАРМОНИЧЕН ДЕН

Чајот Релакс Б3/Б6 претставува мешавина од специјално одбрани билки, која е збогатена со витамините Б3 и Б6, што ја прави одличен додаток во вашиот ритуал за релаксација во секој дел од денот.

Цветот од лаванда и цветот од липа придонесуваат за релаксација на целото тело, додека, пак, листот од матoчина придонесува за нормално когнитивно и ментално здравје, има релаксирачки ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон. Витамините Б3 и Б6 придонесуваат за нормална фунција на нервниот систем. Оваа билна мешавина содржи цвет од камилица, лист од маточина (27 %), цвет од липа (13 %), цвет од лаванда (13 %) и природна арома која содржи витамин Б3 и витамин Б6.

Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување на витамините Б3 и Б6.

Чајот Релакс Б3/Б6 е секогаш добредојден за вас и за вашето тело, а може да се консумира топол или студен во кој било момент кога ви се потребни спокој и релаксација.

Не содржи кофеин!

Со шолја чај Good Nature бидете релаксирани!