Чаеви

Чаевите на АЛКАЛОИД го носат логото GOOD NATURE или ДОБРА ПРИРОДА. Логото означува од каде потекнуваат билките што се користат при подготовка на чајните мешавини. А од каде ако не од добрата, недопрена природа?

Производството на чаевите на Алкалоид АД се одвива според стандардот за квалитет ISO 9001:2008 и ISO 14001:1996 за животна средина, како и HACCP стандардот за производство на безбедна храна. Сертификацијата е извршена од страна на меѓународно признаеното сертификационо тело Quality Austria, ÖQS.

АЛКАЛОИД АД е единствен производител на сертифицирани органски (organic) чаеви во Македонија. Симболот за органски производи и квалитет е добиен со сертификација на трите сегменти: производи, производство и региони од каде се собираат билните суровини. Билните суровини кои се користат при производство се со еколошко потекло, одгледани без употреба на вештачки ѓубрива, пестициди, адитиви и конзерванси и не се озрачени. Сертификатот е издаден од Control Union Certifications и тоа за методи на еколошко производство согласно регулативите на Европската Унија EEC No.2092/91, USDA-NOP (United States Department of Agriculture - National Organic Programme) и JAS (Japanese Agricultural Standards).

Чаевите и помошните лековити средства од Алкалоид АД се строго контролирани производи и се регистрирани во Министерството за здравство на Р. Македонија, односно, имаат Уверенија за здравствена исправност издадени од Републичкиот завод за здравствена заштита.