Young derm

Масната кожа е подложна на создавање митесери и акни. Процесот на нивно создавање започнува во внатрешноста на порите на кожата. Лојните жлезди произведуваат состојка неречена себум, која се задржува на површината на кожата. Најчесто, себумот продира низ порите, одејќи кон површината на кожата. Но, понекогаш, физиолошките процеси се поместуваат, а со тоа се нарушува и механизмот на исфрлање на мртвите клетки кои се наоѓаат во фоликулата на влакната. Наместо да се исфрлат заедно со маснотијата, тие се задржуваат во пората заедно со поголемото количество себум и заедно формираат наслага во внатрешноста на пората. Ваквиот континуиран процес на наслојување создава т.н. лезии (акни и мозолки). Затоа, за нега на овој тип кожа треба да се одберат производи кои, воедно, ќе понудат интензивна нега на кожата, но и превенција од создавање акни.

Формулирајќи ја оваа колекција, многу големо внимание се посвети на изборот на сите состојки, особено на активните компоненти и на мирисната композиција, којашто не содржи алергени.

Сите производи од колекцијата се дерматолошки тестирани.

Колекцијата се состои од: лосион за чистење лице, крем за интензивна нега на масна и на проблематична кожа, крем за длабински третман на акни, подлога за шминка во две нијанси бр. 5 и бр. 6 и млеко за тело.