КАПКИ ТИМИАЛ

Додаток во исхраната

Капките Тимиал содржат воднo-етанолен екстракт од мајчина душица. Етеричните масла од мајчината душица присутни во воднo-етанолниот екстракт се одговорни за подобрување на одбранбената активност на организмот. Тие помагаат за подобрување на функцијата на бронхиите и ја помагаат работата на желудочните жлезди, со што се подобрува функционирањето на системот за варење. Капките Тимиал се препoрачуваат за подобрување на одбранбената активност на организмот, за подобрување на функцијата на горните респираторни патишта, за гаргара, за подобрување на непријатниот мирис во устата, за подобрување на апетитот и за подобрување на варењето на храната.

Препорачана дневна доза и начин на употреба

Возрасни и деца постари од 12 години: 3 пати на ден по 30 капки, во чаша со вода или со чај. За гаргара: 20 капки растворени во вода, 2 до 3 пати во тек на денот.