Корења (radices) и ризоми (rhizomata)
Скоро сите подземни органи од растенијата се собираат во рана пролет или доцна во есен, при што постојат одредени правила за собирање:
- корења од едногодишни растенија се собираат за врема на цветањето на растенијата или во есен;
- корења од двегодишни растенија првата година се собираат во есен или во пролет, а втората година – во есен;
- корења од повеќегодишни растенија се собираат во пролет и во есен.
Пред сушењето, корењата и другите подземни делови на лековитите растенија треба да се исчистат од земјата, да се отстранат остатоците од надземните делови, како и гнилите делови од коренот.
Доколку тие се подолги и подебели, можат да се сечат на помали и на потенки делови и потоа, така приготвени се сушат.
Корења (radices) и ризоми (rhizomata)
- Зајчев трн (Ononis spinosa, fam. Leguminosae)
- Глуварче, млечна козица (Taraxacum officinale, fam. Compositae)
- Валеријана, мацина трева (Valeriana officinalis, fam. Valerianaceae)
- Коприва (Urtica dioica, fam. Urticaceae)
- Иѓир (Acorus calamus, fam. Araceae)
- Срцева трева (Potentilla tormentilla, fam. Rosaceae)
- Чичок (Arctium lappa, fam. Compositae)
- Ѓумбир (Zingiber officinalis, fam. Zingiberaceae)
- Сладок корен