Жалфија

Жалфијата потекнува од Медитеранот и е неизоставен дел од приморската флора, со карактеристични сиво-зелени листови, меки на допир, како кадифе. Одамна ја нарекувале „симбол на вечниот дух“ и тоа не е случајно. „Салваре“ на латински значи „излекува, спасува“.

Во жешките летни ноќи, кога се чувствувате исцрпено и без енергија, дозволете си купка од жалфија што ќе ве разлади и ќе ве освежи.

Секое пакување содржи 25 g лист од жалфија.