Овошна чајна мешавина со арома на јагода и ванила

Мешавина на одбрани билки – шипка, хибискус, плод од јаболко, портокал - ароматизирана со природни ароми на јагода и ванила. Уште во првиот момент кога ќе го приготвите чајот, ќе ве опкружи интензивен мирис на популарното дуо јагода и ванила. Во мирисот се препознаваат и ноти на агруми, од присутниот портокал во мешавината. Чајот е наменет за миговите на уживање и особено го препорачуваме во летните денови, свежо приготвен, врз коцки мраз и со додаток на неколку капки рум.

Чајот има сладок вкус, по малку киселкав и освежителен, но со незаборавно пријатен мирис на свежо набрани јаготки. Уживајте во незаборавната напивка и вкусете го овошниот чај од јагода со ванила од Good Nature!

Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја по 2 g овошна чајна мешавина.