Домашни чаеви – филтер моно пакување

Ништо не му дава топлина на домот како топлата шолја чај. Водени од таа мисла, ги создадовме домашните чаеви.

За поедноставно и за попрактично приготвување, чаевите ги спакувавме во филтер-кесички. Во секоја кесичка ќе најдете 100 % билна содржина, без додатоци. Широката палета билки опфаќа: цвет од камилица, лист од нане, мајчина душичка, планински чај, шипка со хибискус, цвет од липа, кантарион и детски чај.

Секоја од билките што ги користиме за производство на чаевите е строго одбрана, со контролиран, висок квалитет, со цел оригиналниот вкус и природната арома да останат непроменети.

Ви препорачуваме да ги следите упатствата на амбалажата на чаевите, кои се однесуваат на начинот на приготвување.

Наша препорака е секогаш да користите свежо приготвен чај за целосно да го доживеете моментот Good Nature!