Цветови

(flores)

Цветовите се собираат во почетокот на цветањето на растението.

Како најнежни органи, цветовите треба внимателно, еден по еден, да се собираат и при тоа внимателно, без да се притискаат, треба да се стават во кутии или во кошници и што побрзо да се сушат за да го задржат составот и изгледот.