Салеп во прав

10g

Неколку збора за салепот . . . Тоа е всушност билка од родот на Orchis sp. од која се користи коренот, односно грутката. Здравите, сочни и развиени грутки се откопуваат кога билките цветаат или потоа. Собраните грутки се мијат со ладна вода, потоа се држат неколку минути во топла вода за да се деактивираат ензимите во нив, па се сушат на сонце. Заради големата количина на слузи која ја содржи, од коренот се подготвува густа, вискозна течност, која популарно се нарекува салеп.

Салепот се препорачува при надразнетост на грлото и на горните дишни патишта бидејќи надразнетата слузница ја обложува со тенок и го запира кашлањето.

Начин на подготовка:

Една лажичка салеп во прав се промешува со малку ладна вода и се додава во половина литар зовриена вода или млеко. Се вари 5 минути со постојано мешање. На крај се засладува по желба. Готовата топла напивка може да се пороси со малку цимет.

Вистинско уживање во студените зимски денови !!!