Сите состојки од билната мешавина Лакта микс се одбрани со особено внимание, пред сè за да бидат безбедни по здравјето на мајката и на доенчето, како и да помогнат во стимулирањето на излачувањето мајчино млеко.
Светската здравствена организација силно го препорачува доењето како идеална храна за новороденчињата и за доенчињата.
Билките во чајната мешавината Лакта микс имаат галактогогно, антибактериско, антиоксидативно и спазмолитично дејство.
Билките во Лакта микс помагаат за поттикнување и за зголемување на излачувањето на мајчиното млеко на природен начин. Воедно, тие го подобруваат варењето на храната на доенчето и го олеснуваат отстранувањето гасови, а на тој начин се избегнуваат грчевите.
Со особена грижа за Вашите најмили