Влажни марамчиња со бадемово масло


Нежност која се чувствува уште од првиот допир. Новите влажни марамчиња Becutan со бадемово масло ја чистат и ја негуваат бебешката кожа. Извонредно меката структура на марамчето дополнително го подобрува ефектот, при што допирот со чувствителната бебешка кожа е исклучително нежен.

Внимателно избраната формулација, која не содржи алкохол, е препорачлива за секојдневна нега и хигиена кај бебињата, а истовремено е соодветна и за лица со чувствителна кожа.

Влажните марамчиња се дерматолошки тестирани, со неутрална pH-вредност блиска до pH-вредноста на кожата. Покрај намената за нега на кожата во пеленската регија, се препорачуваат и за чистење на лицето и на рачињата на бебето.

Достапност:

56/1; 64/1; 56/1x3; 56/1x5