БОЖИЌЕН ЧАЈ

ВКУС КОЈ ПОТСЕТУВА НА БОЖИК

Спој на билки и зачини, кои ќе ви предизвикаат специјално празнично расположение. Чајот е мешавина на ројбос, сладок корен, кора од цимет, каранфилче и на мускатно оревче. Ројбосот, односно црвената африканска грмушка, ја дава топлата црвено-кафеава боја, која потсетува на карактеристичната боја што го одликува празникот. Во чајот доминира силната арома на циметот и на каранфилчето, а мускатното оревче дополнително збогатува и додава пикантна нота. На крајот, слаткиот корен придонесува за интензивен, сладок вкус, кој долго трае.

Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 2 g чајна мешавина.