Влажните марамчиња за чистење кожни површини Gloss во својот состав содржат површинско активна компонента и заштитни восоци, кои обезбедуваат совршена чистота и нега на кожните површини.
Нежно ги чистат, негуваат и ги заштитуваат кожните површини во сите бои.
Исчистената површина останува освежена со пријатен мирис и заштитена со дополнителен сјај, благодарение на додаденото силиконско масло во формулацијата.
Производот е одличен избор и за одржување автомобилски седишта од кожа, кожни чанти, ремени, кожни палта, чевли и сл.
Поради различните типови кожа и боја од коишто се изработени кожните површини, најпрво пробајте го производот на помал дел од материјалот што го третирате.
Gloss влажните марамчиња за кожни површини достапни се во пакување од 72 парчиња.