Треви

(нerbae)

Под зборот трева се подразбира надземниот дел од зелјестото растение.

Овие органи се собираат кога растението почнува да цвета, сè до појавата на плодовите.

Не се препорачува да се собираат треви од растенијата што веќе имаат плодови.

Поголемиот број треви се собираат, така што се пресекува горниот дел од растението, во должина од 15-30 cm, заедно со цветовите.

Тревите, исто како и другите делови од растението, треба што побргу да се сушат.