Пенливо средство за деца со екстракт од овес и Д-пантенол

200ml

Новото Becutan пенливо средство за капење со екстракт од овес претставува исклучително блага формулација наменета за секојдневна хигиена и нега на кожата уште од првиот ден од раѓањето.

Поради клучната заштитна улога која кожата ја има над целиот организам, новото Becutаn пенливо средство во својот состав ја вклучува и природната состојка на заштитната обвивка со која новороденчињата доаѓаат на свет, Glyceryl oleat.

Екосертифицираниот екстракт од овес има изразено анти-воспалително дејство, Д-пантенолот, ја регулира влажноста на кожата и влијае на подобрувањето на нејзината заштитна функција, правејќи ја мека и еластична.

Зошто екстракт од овес?

Екстрактот од овес претставува богат извор на природни компоненти кои се вбројуваат во групи на соединенија карактеристични по тоа што го елиминираат дејството на слободните радикали, како и по своето изразено анти-воспалително дејство, со што придонесуваат за заштита на кожата од појава на иритации.

Се препорачува и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа подложна на иритации.

Не содржи:

  • Сапун
  • Алкохол
  • Бои
  • Парабен