Sattwa-влажни марамчиња за отстранување шминка

25 влажни марамчиња

За кожата да остане свежа и нежна во текот на целиот ден, треба да се грижиме за нејзината природна влажност уште при чистењето и при отстранувањето на шминката. Влажните марамчиња за отстранување шминка Sattwa лесно ги отстрануваат шминката од кожата и онечистувањата од надворешната средина,грижејки се за природната влажност на кожата.

Влажните марамчиња Sattwa во својот состав не содржат алкохол и се збогатени со Д-пантенол и со витамин Е. Комбинацијата на вградените активни состојки во лосионот, Д-пантенол и витамин Е, обезбедува идеална нега и хидратација на кожата.

Д-пантенолот ја регулира влажноста на површината на кожата и не дозволува нејзино сушење, при што обезбедува оптимална хидратација. Како антиоксиданс, витаминот Е ги врзува слободните радикали, кои се одговорни за уништувањето на ткивата, и заштитува од нивно понатамошно ослободување.

Со марамчињата Sattwa, кожата е темелно исчистена од нечистотиите и од шминката, дури и од водоотпорната маскара.

Влажните марамчиња Sattwa се дерматолошки тестиран производ од соодветна институција во ЕУ.