Becutan
Becutan е бренд кој успешно егзистира на меѓународниот пазар повеќе од 30 години. Континуирано, во целиот овој период, Becutan колекцијата е лидер во продажниот асортиман на Профитниот центар - Хемија, Козметика и Билкарство.
Доследноста во одржувањето на врвниот квалитет, придонесе довербата во овој бренд, повеќе од три децении, да се пренесува од генерација на генерација. Сите оние кои користат Becutan од својата најрана возраст, денес со него ги негуваат и своите деца. Тоа е најцврстиот темел за долгогодишната традиција на овој бренд.
Денес Becutan е изграден бренд во меѓународни рамки, притоа земајќи ги предвид сите аспекти кои ја градат вредноста на еден бренд: традиција, постојан квалитет, високо ниво на препознатливост кај потрошувачите, доверба, лојалност...
Досега се продадени повеќе од 100.000.000 производи и се бележи постојан тренд на пораст на продажбите.
Освен во Македонија, каде Becutan колекцијата е апсолутен лидер на пазарот со пазарно учество од над 50% во категоријата производи за нега на детската кожа, Becutan одлично се продава и во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора… И на овие пазари, според обемот на вкупните продажби, Becutan е во самиот врв, меѓу трите најпродавани брендови во својата категорија производи. Речиси 70% од продажбите на колекцијата се остваруваат на извозните пазари.
Доказ за одличната пазарна позиционираност се и меѓународните награди и признанија, доделени од страна на реномирани организации кои го следат потрошувачкиот сегмент на повеќе пазари.
Во 2008 г., Becutan е избран за Супербренд на пазарот на Босна и Херцеговина, а во 2009 г. за Супербренд во Македонија и во Хрватска.
Сите производи се клинички и дерматолошки тестерани и развиени во соработка со педијатри и дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет кои соодветствува со Европските директиви за квалитетен производ наменет за нега на детската кожа. Производствениот процес е подложен на константна проверка на влезните материјали и готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP - стандардите (Good Manifacturing Practice) стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија.