Магдонос

40g

Претставува лист од растението Petroselinum crispum и се користи како зачинска билка, гарнир за повеќе различни јадења, но и за подготовка на чај. Неизоставен дел е при подготовка на речиси сите јадења, како во традиционалната македонска, така и во интернационалната кујна. Во својот состав изобилува со хранливи материи, меѓу кои витамин Ц, калциум, магнезиум и железо. Познат по своето диуретско дејство, помага во намалувањето на вишокот течности од телото и се користи при едематозни состојби, висок крвен притисок и диети.