ASSO КРЕМ ЗА НЕГА НА РАЦЕ И НОКТИ

ASSO кремот за нега на раце и нокти содржи активни состојки - природни масла од маслинка, семки од грозје, соја, од сончоглед како и витамини А, Ц и Е.

Маслото од маслинка делува емолиентно (омекнувачки) со што се подобрува еластичноста на кожата. Исто така ова масло е богато со полифеноли и витамин Е кои делуваат антиоксидативно и ја штитат кожата од несаканото дејство на слободните радикали.

Маслата од соја, од семки од грозје и од сончоглед содржат големо количество на есенцијални масни киселини – омега 3 ( Линоленска киселина) и омега 6 (Линолна киселина) кои овозможуваат одржување на природниот липиден баланс на кожата, а воедно се познати и како одлични хидратанти компоненти.

Витаминот Е делува регенеративно на кожата и го подобрува изгледот на кожата и ноктите. Витаминот А ја одржува нормалната градба на кожата и ја подобрува хидратацијата на кожата. Витаминот Ц ја подобрува микроциркулацијата во кожата и ноктите и овозможува размена на хранливи материи во клетките, а со тоа и зацврснување на ноктите.

Може да се користи повеќе пати во текот на денот.

Производот е дерматолошки тестиран.

Редовната употреба на овој крем обезбедува негуван изглед на рацете и на ноктите.