Becutan – пена за миење рачиња и лице,

250ml

Пената за миење рачиња и лице Becutan е особено блага формулација на течен сапун, спакуван во посебен тип амбалажа кој овозможува создавање креместа пена при секое истиснување на содржината. На овој начин секојдневната рутина на миење раце и лице ќе стане забавна навика за дечињата и сето тоа придружено со препознатливиот мирис на Becutan!

Пената нежно ги отстранува нечистотиите од рацете и од лицето, а активните компоненти дополнително ја штитат и ја негуваат чувствителната детска кожа. Формулацијата не ги надрзанува очите, а благите состојки ја заштитуваат кожата од исушување.

  • Не содржи алкохол.
  • Не содржи бои.
  • Не содржи парабени.
  • Дерматолошки тестиран.
  • pH неутрален за детската кожа.

Поефикасна при отстранувањето на нечистотиите

Она што најдобро ги отстранува нечистотиите од кожата е всушност самата пена, а децата честопати знаат да бидат нетрпеливи и да се измијат пред таа да биде создадена. Посебниот механизам на пумпичка кај течниот сапун Becutan ја создава пената уште со самото истиснување од шишенцето и на тој начин обезбедува поголем ефект при отстранувањето на нечистотиите од детската кожа.

Производот е достапен во редовно пакување од 250 ml со пумпичка и во пакување за повторно полнење, компатибилно за истата пумпичка.