Зајчев трн

(Ononis spinosa, fam. Leguminosae)

Растението е многугодишно, зелјесто, полуџбунесто, со јак и жилав корен. Однадвор коренот е избразден и распукан, со сивокафена боја, а однатре е жолтеникав.

Како чај, доаѓа во облик на парчиња со различна големина, без мирис и без вкус, кој прво е сладникав, а потоа горчи и лути.

Дрогата содржи флавоноиди, од кои најважен е изофлавонозидот – ононин, тритерпенски сапонин – оноцерин, смоли, малку етерично масло, танини, скроб и др.

Употреба

Диуретичното дејство на чајот, подготвен во облик на декокт, се должи токму на флавоноидите и на етеричното масло.

Може да се користи како поединечен чај или се додава во мешани диуретични чаеви (Species diureticae) и не ги дразни бубрезите.