Шампон за деца со екстракт од овес и Д-пантенол

200ml

Благата формулација на Becutan шампонот со екстракт од овес и Д-пантенол, претставува вистински одговор на долго поставуваното прашање околку секојдневната употреба на детски козметички препарати. Комбинацијата од внимателно избрани активни компоненти, темелно ја чисти косата и скалпот, додека истовремено ја негува и заштитува кожата на главата. Покрај екстрактот од овес, новиот шампон содржи и Д-пантенол, состојка со изразено хидратизирачко дејство и својството за регулација на влажноста на косата и кожата

Борбата со сувоста и оштетувањето на скалпот, како честа појава особено кај бебињата, поддржана од трендовите кои Becutan со децении ги применува, сега добива додадена вредност. Покрај тоа, Becutan шампонот со екстракт од овес и Д-пантенол ќе стави крај и на маратонските брканици за расчешлување на косата, давајќи ú дополнителна мекост и природен сјај.

Зошто екстракт од овес?

Екстрактот од овес претставува богат извор на природни компоненти кои се вбројуваат во групи на соединенија карактеристични по тоа што го елиминираат дејството на слободните радикали, како и по своето изразено анти-воспалително дејство, со што придонесуваат за заштита на кожата од појава на иритации.

Се препорачува и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа подложна на иритации.

Не содржи:

  • Сапун
  • Алкохол
  • Бои
  • Парабен