Becutan шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1

200ml / 300ml / 400ml

Овој производ претставува идеалана комбинација на два производи за нега и хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.

Составот на производот е збогатен со комбинација на активни материи од природно потекло, кои имаат благо дејство и овозможуваат двојната намена на производот во целост да биде приспособена кон потребите на детската кожа и коса.

Една од состојките, глицерил олеат, припаѓа на групата биолипиди и е физиолошка состојка на кожата, а како составен дел на овој производ овозможува одржување на биолипидниот баланс на кожата и придонесува за подобрување на нејзината заштитината функција.

Екстрактот од алое вера дејствува антиинфламаторно, односно спречува појава на иритација и на црвенило, а Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење и истовремено придонесува косата да биде еластична и сјајна.

Екстрактот од пченични ’ркулци ја заштитува кожата од сушење и влијае на подобрувањето на нејзината мекост и еластичност. Пченичните ’ркулци веќе имаат докажано благопријатно дејство и кога е во прашање негата на косата, оваа состојка придонесува за зајакнување на влакното, овозможувајќи косата да биде мазна, мека и сјајна.

Производот содржи и регенератор, што овозможува расчешлувањето да биде лесно и пријатно дури и за дечињата со бујна и со кадрава коса.

Со своето двојно дејство, овој производ овозможува негата на детската кожа и коса да биде едноставна, а притоа во целост приспособена кон нивните потреби. По капењето кожата ќе биде нежна и мека, а косата лелеава и сјајна.

Производот е клинички тестиран.