Кантарион Масло

За ефикасноста на жолтиот кантарион како лековито растение доволно зборува податокот дека неговото лековито дејство било познато уште пред нашата ера, откога датираат податоците за неговата употреба во традиционалната грчка медицина, оригинално документирана од Хипократ. Оттогаш па сѐ до денес жолтиот кантарион континуирано се употребува и зазема значајно место во традиционалната медицина за лекување разни невролошки заболувања, како и за третман на гастроинтестинални нарушувања и разни кожни заболувања и оштетувања.

Кантарион масло Алкалоид претставува екстракт од надземен дел од свеж жолт кантарион во маслиново масло. Покрај неговата главна употреба како антидепресив, жолтиот кантарион поседува антибактериско, антиинфламаторно, антивирусно, атстрингентно и антиулцерозно дејство. Поради овие својства жолтиот кантарион го намалува воспалението на ткивата, го зголемува регенеративното својство на ткивото и води до негова побрза реепителизација.

Кантарион масло Алкалоид поволно дејствува при следните состојби: изгореници, исеченици и други рани, кожни воспалителни процеси (надворешна употреба), диспептични нарушувања во системот за варење, улцерозни состојби на желудникот и на дванаестпалечното црево, менопаузални симптоми (внатрешна употреба).

Препорачана дневна доза и начин на употреба

Внатрешна употреба: 3 пати на ден по една супена лажица пред секој оброк.
Надворешна употреба: на заболените делови на кожата (инфекции, затворени рани, изгореници, исеченици, декубитуси) со помош на капалката се нанесува тенок слој од маслото од кантарион, 2 до 3 пати на ден.
Маслото од кантарион не треба да се нанесува на отворени рани.