BLACK UP МЛЕКО ЗА СОНЧАЊЕ СПФ 15

150ml

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е и Д-пантенол. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

Оваа комбинација на компоненти овозможува создавање лесна хидрирачка емулзија, која може лесно да се аплицира со помош на пумпичка.

Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.
  • Водоотпорен.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата повеќе пати во текот на сончањето и по секое капење.