Becutan пенливо средство за капење со камилица

200ml

Благо средство наменето за нега и заштита на нежната бебешка кожа, уште со првото капење.

Неговата pH вредност е приспособена на pH вредноста на здравата кожа.

Содржи Glyceryl oleat - природна состојка на заштитната обвивка, со која новороденчињата доаѓаат на свет, поради што Becutan пенливото средство со камилица придонесува во одржувањето на природната заштитна функција на кожата.

Комбинацијата на висококвалитетни активни материи од природно потекло ја превенираат опасноста од сушење на кожата, дури и при често капење. Камилицата спречува појава на иритација и ја смирува кожата, Д-пантенолот ја регулира влажноста и заедно со екстрактот од пченични ‘ркулци ја прават кожата нежна, мека и еластична.

  • не предизвикува солзење
  • не содржи сапун
  • не содржи алкохол
  • производот е клинички и дерматолошки тестиран и развиен во соработка со дерматолози и со педијатри
  • се препорачува за нега на чувствителна кожа кај сите возрасти