Asso глицерински сапуни

100g

Портфолиото на колекцијата Asso, во доменот на секојдневната хигиена на кожата, се прошири со уште два нови производи, Asso глицерински сапуни 100g. Достапни се во две варијанти: жолт и зелен сапун, секој со своја карактеристична мирисна композиција.

Формулацијата на тоалетните сапуни збогатена со глицерин, обезбедува интензивна хигиена и постојана влажност на Вашата кожа при секојдневната употреба. Глицеринот помага за влажнење на кожата такашто ја задржува водата во неа и го зголемува нивото на хидратација во клетките и по миењето.

Со употреба на глицеринските сапуни Аsso обезбедувате постојана чистота на Вашата кожа и задржување на нејзината природна влажност.