SATTWA БАЛСАМ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

500ml, 1000ml

Sattwa балсамот против целулит, во својата формулација ги содржи сите сознанија стекнати од науката, природата и технологијата.

Станува збор за висококвалитетна формулација која во себе содржи активни материи насочени директно кон отстранување на причините за појава на целулит: намалена циркулација и намален одлив на течности и маснотии.

Во производот се вградени следниве активни материи:

  • Бензилникотинат - дејствува рубифациентно и има затоплувачки ефекти на местото каде се нанесува. Во исто време дејствува и на ширењето на крвните садови и овозможува зголемена циркулација, со што се зголемува дотурот на храна и на кислород во масното ткиво.
  • Екстракт од бршлен - во својот состав содржи сапонини и биофлавоноиди. Сапонините ја зголемуваат пропустливоста на клеточните ѕидови, а биофлавоноидите пак, ја зголемуваат крвната циркулација и еластичноста на масното ткиво. На овој начин се зголемува приливот на храна и на кислород и одливот на непотребните, исталожени маснотии и течности.
  • Кофеин - во себе содржи пурински бази со изразено диуретично дејство. Тие го зголемуваат исфрлањето маснотии и вода од организмот, а истовремено дејствуваат и на разградувањето на нерастворливиот тип маснотии во клетките.

Овие активни материи се вградени во една немасна подлога која содржи висок процент на вода. На ваков начин, балсамот полесно се интегрира со ткивата и со клетките. Ваквата хидрофилна формулација, воедно, и не ја мрси облеката.

Со редовна и упорна употреба се топат т.н. "кнедли" во кожата, таа го губи изгледот на "кора од портокал" и станува здрава, цврста, нежна и еластична.

Начин на употреба на Sattwa балсамот:
Балсамот се нанесува обично навечер, по туширање, со благо втривање во кожата. Не е потребно користење гаќички или виткање со фолија.

Sattwa балсамот против целулит дејствува и кога телото мирува. Амбалажата е специјално приспособена на типот на препаратот и овозможува лесно дозирање. Едно е факт: целулитот не може да се отстрани само со регулирана исхрана и вежби, туку неопходна е и употреба на квалитетен козметички производ.

Sattwa балсамот против целулит во себе ги содржи сите карактеристики на висококвалитетен препарат кој дејствува директно и ефикасно при отстранување на целулитот.

Потврда за неговото дејствување е и благата топлина, печењето и црвенилото кои се јавуваат на кожата по втривањето на балсамот. Овие појави се нормални, а резултат се на интензивното дејствување на активните материи кои влегуваат во составот на овој производ.