Лосион YOUNG DERM за чистење на масна и на проблематична кожа 150 ml

200ml

Лосионот Young Derm е наменет за темелно чистење и за одржување на младешката и на проблематичната кожа во текот на целиот ден. Длабински ги отстранува нечистотиите од порите на лицето, кои се едни од причинителите на создавањето акни.

  • Комбинацијата на површинско активни материи овозможува благо чистење на кожата, по што кожата е подготвена за понатамошен третман со производите од колекцијата Young Derm.
  • Збогатен е со екстракт од алое вера, кој го помага смирувањето на црвенилото, а со тоа го подобрува здравиот изглед на кожата. Растението алое вера, од кое е добиен екстрактот, одгледувано е во контролирани услови и затоа е сертифицирано со ECOCERT-стандард за природна и за органска козметика.
  • Млечната киселина е позната по своите хидратантни својства и по благиот ефект на пилинг на кожата. Таа ги отстранува мртвите клетки на кожата без да предизвика нејзина иритација, со што ја намалува можноста за создавање нови акни.