БИЛ-ОЛ

Бил-ол капки

Капките Бил-ол претставуваат течен раствор наменет за инхалација, којшто како активна компонента содржи мешавина од ментол и испарливи етерични масла. Топлата пареа од Бил-ол ја влажни надразнетата слузница на дишните патишта и помага за смирување на кашлицата предизвикана од дразнење на грлото, душникот и на бронхиите.

Етеричните масла и ментолот во капките Бил-ол имаат противбактериско, противвоспалително, спазмолитично (против грчеви), аналгетично (против болка) и експекторантно (за искашлување/ исплукување) дејство.

Етеричните масла помагаат за ослободување на бронхиите од блокирање, правејќи го секретот потечен и олеснувајќи го искашлувањето.

Капките Бил-ол се препорачуваат:

  • за олеснување на симптомите на настинка;
  • при воспаление на слузницата на носот и на синусите;
  • при затнатост на горните дишни патишта;
  • за олеснување на искашлувањето на густиот секрет;
  • за олеснување на симптомите на главоболка.

САМО ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА (ИНХАЛАЦИЈА)!

Деца од 4 до 12 години:

Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се капнуваат 2 до 4 капки за инхалација Bil-ol. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути. Постапката се повторува два до три пати на ден.

Возрасни и деца постари од 12 години:

Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се капнуваат 5 до 8 капки за инхалација Bil-ol. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути. Постапката се повторува два до три пати на ден.

Се препорачува да се избегнуваат нагли промени на температурата на воздухот по инхалирањето.

Се препорачува да се користи инхалатор Bil-ol којшто е специјално анатомски дизајниран за поефикасна инхалација. Според потребата, се препорачува инхалирање со вдишување низ носната празнина или, пак, низ усната празнина.