Becutan гел со разладувачки ефект

50ml

Ако прекумерната изложеност на сонце и здодевните инсекти кои ја напаѓаат детската кожа ви го претвораат летниот одмор во кошмар, сигурни сме дека гелот со разладувачки ефект Bеcutan ќе биде неизоставен дел од вашата летна торба. Неговото дејство е да ја разладува, хидратизира и да ја омекнува кожата, давајќи ѝ чувство на пријатна свежина и на ладењe.

Содржи екосертифицирани екстракти од алое вера и од овес, кои помагаат во намалување на црвенилата и на иритациите на кожата предизвикани од пролонгираното изложување на сонце. Истовремено ја намалува и ја ублажува потребата од чешање, особено по убоди од инсекти.