SATTWA КРЕМ ЗА НОЌ СО МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ЈАБОЛКО И МАСЛИНОВО МАСЛО

SATTWA кремовите со матични клетки од јаболко и маслиново масло, како и целата колекција SATTWA, се наменети за нега на кожата по 30-тата година, а особено по 40-тата година.

Со новите кремови од колекцијата SATTWA се постигнува интензивна ревитализација на возрасната кожа, преку активирање на сопствениот систем на матични клетки во кожата.

Самиот збор матични клетки означува клетки кои имаат можност самите да се реплицираат. Затоа, матичните клетки од јаболко претставуваат уникатна компонента, која ја поттикнува регенерацијата и подмладувањето на кожата, а со тоа и заштитата од предвременото стареење на матичните клетки на кожата на човекот.

Матичните клетки од јаболко се добиени од редок вид швајцарски јаболка. Овие клетки се карактеризираат со можност за брзо реплицирање и за обновување на повредените ткива.

Матичните клетки од јаболко, освен што го активираат созадавањето на матичните клетки во кожата, тие го продолжуваат нивниот животен век, ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес и ја регенерираат оштетената клеточна ДНА.

Комбинацијата на суровините и на екстрактите, кои влегуваат во составот на новите два крема, се во согласност со најновите научни достигнувања од областа на козметиката против стареење (anti-age).

  • протеините од ориз – формираат заштитен протеински филм кој ѝ дава на кожата влага, мекост и виталност;
  • витамин Е – ги неутрализира слободните радикали и го спречува нивното прекумерно создавање, со што се забавува процесот на стареење;
  • маслиновото масло – делува омекнувачки и ја враќа еластичноста и мекоста на кожата;
  • маслото од авокадо и путерот од Butyrospermum Parkii – ја подобруваат исхраната и ја штитат кожата, правејќи ја при тоа нежна и мека.

Со редовна употреба на SATTWA кремовите со матични клетки од јаболко и маслиново масло од колекцијата SATTWA, на кожата ѝ се враќа младиот изглед и свежина.

  • За подобрена ревитализација, тонус и еластичност на кожата.
  • За забавување на процесот на созадавање брчки.
  • За стимулација на клеточната регенерација.