ГЕЛ ПО СОНЧАЊЕ СО РАЗЛАДУВАЧКИ ЕФЕКТ BLACK UP СО МЕНТОЛ И СО ЕКСТРАКТ ОД АЛОЕ ВЕРА И ОД ОВЕС

150ml

Ја смирува и ја тонизира кожата по сончањето. Содржи ментол, екстракт од овес и екстракт од алое вера.

Ментолот претставува монотерпен за когошто е утврдено дека дејствува врз нервните завршетоци со активација на протеинот TRPM8, познат како рецептор за ладно, и на тој начин обезбедува пријатно чувство на ладење по нанесувањето.

Екстрактот од овес содржи бета-глукан којшто создава тенок филм на кожата и истовремено продира во нејзините долни слоеви каде што ја дава потребната влажност, а протеините што ги содржи го одржуваат нејзиниот природен изглед.

Екстрактот од алое вера е богат извор на витамини (А, Б6, Ц, Е) и на минерали (Mg, Zn, Na, Cu, K) коишто го стимулираат формирањето колаген и со тоа ја обновуваат оштетената кожа.

Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.

  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува во тенок слој рамномерно на чиста и сува кожа по сончањето. Доколку е потребно постапката може да се повтори.