АЛКАЛОИД ПРОПОЛИС КАПКИ

Додаток во исхраната

30 ml

ДОДАТОК НА ИСХРАНАТА

Прополисот е смолеста материја што ја произведуваат медоносните пчели, со комбинирање на ензимите од сопствената плунка и пчелиниот восок, со супстанции што ги собираат од цветните пупки, од нектарите од кората на дрвјата и од другите природни растителни извори. Прополисот се нарекува и пчелин лепак, кој служи како штит за одржување на здравата пчелина кошница. Исто така, за нив прополисот претставува „хемиско оружје“ против надворешните патогени микроорганизми, но и превенција од ширење инфекции во пчелината кошница, правејќи ја една од најстерилните средини познати за природата.


 

Состав

Производот содржи високопрочистен, густ екстракт од прополис во разблажен алкохол (етанол).

Препорачана дневна доза

Возрасни и деца постари од 12 години: трипати на ден по 10-15 капки, разредени во мала количина течност или додадени на лажица со шеќер или со мед.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Мерки на претпазливост и предупредување

Производот содржи алкохол.

Не се препорачува за лица алергични на производи од пчела

Производот не треба да се користи како замена за разновидната исхрана.