Becutan newborn aqua pure влажни марамчиња

Здравата, чиста и негувана бебешка кожа е предуслов за натамошна заштита од нечистотиите што доаѓаат во допир со кожата.

Според поновите препораки на педијатрите, формулациите на влажни марамчиња што се на база на прочистена вода се најдобра пракса во одржувањето секојдневна хигиена и нега на чувствителната бебешка кожа, особено во услови кога повивањето се практикува почесто, а притоа нема можност кожата да се измие со млака, проточна вода.

Новите влажни марамчиња Becutan newborn aqua pure во својот состав содржат висок процент прочистена вода и токму поради тоа имаат примарна улога за одржување секојдневна хигиена на кожата кај новороденчињата. Внимателно избраната формулација без парфем и без алкохол, со екосертифицирани состојки и со екстракт од камилица, е препорачлива за употреба уште од првиот ден кај бебињата, но е истовремено соодветна и за лица со чувствителна кожа.

Влажните марамчиња Becutan newborn aqua pure се дерматолошки тестирани и се производ со докажани хипоалергени својства.