Плодови и семиња

(fructus et semina)

Плодовите се берат пред да созреат или кога се зрели. Исто така, се собираат и семињата.

Овие органи од растенијата се собираат на убаво и суво време, со исклучок на семето на синапот, кое се собира во раните утрински часови, кога во воздухот има влага, роса.